Тајсон се подготвува за борбата со Пол - без секс и марихуана!

Легендарниот боксер Мајк Тајсон ќе се врати во рингот и ќе се бори на 20 мај против јутјуберот Џејк Пол, а борбата ќе му донесе 20 милиони евра.

Поранешниот светски шампион сериозно се подготвува за борбата против Пол, а во меѓувреме морал да се откаже од работите во кои ужива најмногу.

„Се подготвувам за мечот. Поминаа шест недели од последниот пат кога имав секс и пушев марихуана. Сакам да спијам со мојата жена, но мојот фокус е на борбата со Пол“, кажа Тајсон.