Алкараз не го дочека Ѓоковиќ - се откажа од Мастерсот во Рим

Тукушто се врати на тениските терени, „врза“ три победи во Мадрид и најави борба за титулите на следните турнири, Карлос Алкараз ќе мора на нова пауза поради повреда.

Третиот светски рекет објави дека го откажува својот настап на Мастерсот во Рим кој почнува идната недела. Овојпат причина за тоа е повреда на подлактицата на десната рака поради што ќе мора да паузира, но и да избегне полошо сценарио пред најважниот турнир во овој период - „Ролан Гарос“.

Вчера Алкараз изјави дека едвај чека да се соочи со Ѓоковиќ, но тие двајца повторно ќе се избегнат и нема да настапат на ист турнир. Последен пат заедно играа на Австралија Опен, а последниот меѓусебен дуел им датура од ноември 2023 година кога во полуфиналето од завршниот Мастерс во Торино славеше Србинот со 2-0.