Колцов е минато: Сабаленка е во љубовна врска со милионер (ФОТО)

Една од најдобрите тенисерки во светот, Арина Сабаленка неодамна остана без поранешното момче и легендарен хокеар Константин Колцов, а сега се појавија фотографии на социјалните мрежи според кои таа имала нов љубовник.

Георгиос Франгулис бил забележан на турнирот во Мадрид заедно со Сабаленка по што почнаа приказните за тоа дека се во љубовна врска.

Франгулис е страсен кон автомобилските трки, а во 2016 година создаде успешна фирма за здрава храна.