Рубљов за 74 минути го реши Фриц и обезбеди финале во Мадрид

Рускиот тенисер Андреј Рубљов славеше со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-3 против Тејлор Фриц во полуфиналето на турнирот во Мадрид.

Фриц направи брејк во првиот гем од мечот (1-0), но Рубљов возврати на идентичен начин во следниот и донесе возбудувања во продолжение од сетот кој му припадна со 6-4.

Рубљов успешно се бранеше од нападите на Фриц на стартот на вториот сет, а исчекор кон победата направи во шестиот гем кога направи брејк (4-2) и потоа славеше со 6-3.

Русинот во финале ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Феликс Оже-Алиасим и Јири Лехецка.