Сасуоло единствен сезонава го победи Интер и тоа двапати, а може да - испадне (ВИДЕО)

Дека италијанската фудбалска елита е чудна доволен показател е денешниот пораз на веќе официјалниот шампион Интер на гостувањето кај Сасуоло (0-1) и тоа не толку поради денешниот исход.

Нераѕурите досега сезонава имаат два порази и тоа обата од вечерашниот ривал, кој воедно е во грчевита борба за опстанок. На ниту еден друг состав не му успеа да дојде до три бода против најдобриот италијански тим. Арманд Лаурентие беше херојот во домашниот тим со голот во 20. минута.

Сасуоло со овие три злато вредни бода остана претпоследен, но сега со ист број бодови со Удинезе, кој е прв под линијата за испаѓање, а на само два до Емполи, Фросиноне и верона со кои дефинитивно до крај ќе видат грчевита борба за опстанок.