Барди потсети зошто го споредуваа со Меси – постигна мангупски гол од слободен (ВИДЕО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, денеска потсети зошто додека играше во Шпанија неретко го споредуваа со Меси, откако во поразот на неговиот сегашен тим Трабзонспор на гости кај Самсунспор (1-3) постигна мангупски гол од слободен удар.

Тој од позиција каде најчесто се уфрлува топката во шеснаесетникот успеа да го надмудри целиот противнички тим и да ја затресе мрежата. Тоа се случи во 32. минута, кога намали на 1-2, но тоа не беше доволно неговите соиграчи да заиграат подобро и да направат пресврт.

Трабзонспор се наоѓа на третото место на табелата во првенството на Турција со 58 бода, додека далеку напред се Галатасарај и Фенербахче.