Пред 30 години цел свет плачеше поради Аиртон Сена (ВИДЕО)
Трката се возеше на 1 мај 1994 година, кога Сена во петтиот круг при брзина од 307 километри на час удри во ѕидот. Медицинските екипи реагираа брзо, а возачот беше префрлен во болница со тешки повреди на главата.
Инцидентот не ја прекина трката, туку истата продолжи, а победник беше Михаел Шумахер кој таа година ја освои првата од титулите во „најбрзиот циркус“.