Навивачи на Фенер тргнаа да ги тепаат кошаркарите на Монако – тие сакаа да вратат (ВИДЕО)

Кошаркарите на Монако забележаа злато вредна победа во четвртиот натпревар од четвртфиналната серија на Евролигата и тоа на гостувањето кај Фенербахче (65-62), со што изедначија на 2-2 во серијата и се изборија за „мајсторка“.

Гостите во финишот имаа постојана предност, благодарение на потезите на Мајк Џејмс и соиграчите, а ужасно лош кај домашните беше Скоти Вилбекин.

Тој промаши од полудистанца на минус еден, а во контрата следуваше обидот на Тарик Биберовиќ да направи прекршок во напад, нешто што судиите не досудија. Донта Хол потоа ја заби топката за плус три, на само неколку десетинки до крајот.

Откако се огласи сирената, луѓето кои седеа покрај теренот ги нападнаа играчите на Монако кои ја славеа победата, а имаше голема гужва. За среќа, реагираше и клупата на Фенербахче која направи „жив ѕид“ меѓу споменатите лица и членовите на Монако, а во таа прилика ја видовме и реакцијата на Саша Обрадовиќ, кој се обиде да ги смири своите кошаркари. На крајот, гостите брзо отидоа во соблекувалната, при што и беа погодени од бројни предмети кои летаа од трибините.

Петтиот, решавачки натпревар во серијата е закажан за среда на 8 мај во Монако.