Гоце Георгиевски потпиша нов договор со Вардар

Македонскиот ракометар Гоце Георгиевски постигна договор со Вардар за продолжување на соработката на уште една сезона, каде што ќе има главна улога во пренесување на своето искуство и знаење на помладите играчи.

Георгиевски досега со Вардар стана шампион на Македонија, а ги освои пехарите и во Купот и Суперкупот, но настапи и во елитната Лига на шампиони (ЛШ).

„Знаеме колку значи искуството што го има во себе Гоце и среќни сме што прифати да биде уште една сезона дел од Вардар. Неговото искуство ќе биде од големо значење за играчите кои доаѓаат на сцената и кои сè повеќе се наметнуваат. Тој е расположен, освен што ќе игра, треба да го пренесе своето искуство на помладите колеги. Вардар е веќе стабилизиран, сериозен и нашите амбиции секогаш се победа и титули. Гоце е сè уште гладен за победување, исто како и Вардар и заедно ќе чекориме кон нови победи“, кажа извршниот директор на екипата, Борко Ристовски.

Поранешниот европски шампион сака да ги задржи најважните ракометари, но бара и нови засилувања за следната сезона.