Драма на Белградскиот маратон: Победникот ја помина целта и се сруши на асфалтот

Победник на Белградскиот маратон кој се одржа денеска е кенискиот натпреварувач Гилберт Киплетинг Чумба кој ја помина патеката од 42 километра за 2:11,47 часа.

Непосредно по поминувањето на целта, тој се сруши на асфалтот, па мораше да интервенира медицинска екипа. Откако му беше укажана помош, Киплетинг на носилки беше однесен на дополнителни испитувања.

Тој не е единствен натпреварувач кој колабираше во текот на трката. Топлото време и силното темпо, како и желбата побрзо да се фиинишира, влијаеше на тоа некои маратонци да не успеат да дојдат до целта.