„Комити“ вечерва ќе грмат, ама не за Вардар туку за триумф на – Македонскиот воин!
Негов противник ќе биде Берк Дузенли од Турција, кој е актуелен светски шампион, а спектаклот ќе се одржи во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Скопјанецот на оваа пресметка ќе има голема поддршка од трибините, откако навивачката група „Комити“ официјално објави дека ќе дојде во голем број за да му помогне на „Македонскиот воин“ да дојде до посакуваната цел.
Во еден од мечевите пред главната борба ќе настапи и трикратниот светски и европски шампион, Димитар Ѓорѓиев, а покрај овие две борби, на истиот настан ќе има и уште шест меча во машка и во женска конкуренција, на кои ќе учествуваат борци од Македонија и нивни противници од Србија, Словенија, БиХ и Израел, кои се актуелни шампиони од официјалните ВАКО-првенства (Светската асоцијација на кикбокс-организации).
Настанот ќе биде отворен со мечот помеѓу битолчанката Марија Димовска и Марија Обрадовиќ од Србија во лоу-кик за постари јуниори.