Хорор во Хрватска: Пингпонгар загина по директен судир со камион!

Хрватскиот пингпонгар Лука Оточан (28), загина денеска во сообраќајна несреќа на патот меѓу Новиград и Пореч, кога со патнички автомобил имал судир со камион.

Веста ја потврди потпретседателот на понгпонгарскиот клуб Јадран од Порече, кој во своето соопштение изрази сочувство.

„Погодени од тага, им изразуваме најдлабоко сочувство за загубата на драгиот Лука до неговото семејство, роднините и пријателите. Лука нека почива во мир Божји и ти благодарам за се што направи за нас“, стои во соопштението на Јадран.

Од полицијата велат дека се работи за верижен судар и Оточан додека го управувал својот автомобил се судрил со камион кој доаѓал од спротивната насока.