Драма во Мадрид: Швјонтек спаси три меч-топки и го освои пехарот!

Полската тенисерка Ига Швјонтек докажа уште еднаш дека е најдобра во светот и ја совлада нејзината голема противничка Арина Сабаленка со 2-1 во сетови, односно 7-5, 4-6 и 7-6.

Швјонтек го доби првиот сет со 7-5, додека Сабаленка ѝ се реваншираше во следниот сет и стигна до 6-4. Во третиот сет се водеше голема борба, а Белорусинката пропушти две брејк, сет и меч-топки во 12. гем, по што сè се решаваше во тај-брејк.

Во тај-брејкот најпрво Швјонтек имаше меч-топка, која ја испушти, но потоа Сабаленка го сврте резултатот и таа стигна до трета шанса да го крене пехарот, меѓутоа полската тенисерка заигра подобро во продолжение и оствари триумф.