Ѓоковиќ веќе има нов тренер! (ВИДЕО)

Брзо по информацијата за разделба меѓу Ѓоковиќ и Иванишевиќ, стигнуваат и вестите за тоа кој е новиот тренер на српскиот тениски ас.

Новак Ѓоковиќ е виден како тренира со легендарниот српски тенисер Ненад Зимоњиќ. Токму тој се посочува како негов нов тренер.

Уште нема официјална потврда за тоа, но српските медиуми се уверени дека Ненад Зимоњиќ е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ.