Продолжува хаосот на Мастерсот во Мадрид - се повреди уште еден играч

За само два дена, трет тенисер го прекина својот настап на Мастерсот во Мадрид поради повреда.

По Јаник Синер и Данил Медведев, чешкиот натпреварувач Јиржи Лехецка му го предаде мечот на Феликс Оже-Алијасим од Канада по само шест одиграни гема. Во моментот на прекинот, резултатот беше 3-3, но Лехецка не можеше да се издржи и одлучи да ја прекине агонијата.

 

 

Така, Оже-Алијасим обезбеди пласман во финалето од Мастерсот каде ќе се сретне со Андреј Рубљов кој претходно го совлада Тејлор Фриц со 2-0.