Рубљев ги искористи повредите на фаворитите и ја освои титулата во Мадрид

Рускиот тенисер Андреј Рубљев ја освои 16. титула во кариерата, втора во 2024 година откако денеска триумфираше во финалето од Мастерсот во Мадрид.

Во мечот за пехарот, тој го совлада Феликс Оже-Алијасим со 2-1 по пресврт, но неговата работа и претходно беше олеснета поради повредите на големите фаворити. Прво самиот го совлада Карлос Алкараз кој не беше во најдобра здравствена состојба, а потоа своите натпревари поради повреди ги откажаа Јаник Синер и Данил Медведев.

Сепак, тоа не го намалува успехот на Русинот кому му требаа безмалку три часа да го скрши отпорот на својот денешен противник. Оже-Алијасим водеше со 1-0 во сетови, во вториот сет се играше израмнето до 12. гем кога Рубљев ја искористи втората брејк-топка за израмнување на 1-1.

Во клучниот сет, Рубљев беше далеку подобар играч, имаше пет неискористени брејк-топки пред во 12. гем да го скрши отпорот на својот противник и да дојде до пехарот.