Синер ги загрижи фановите: Ќе играм на „Ролан Гарос“ само ако бидам 100% подготвен
Претходно, Италијанецот го предаде својот меч против Феликс Оже-Алијасим во четвртфиналето од турнирот во Мадрид, но многу полошо за него е тоа што има повреда која му се заканува да му ја уништи сезоната. Во моментов, неизвесен е неговиот настап и на „Ролан Гарос“.
„Ќе играм во Париз само ако бидам 100% подготвен. Не сакам да влегувам во детали на повредата, прво мислевме дека не е ништо сериозно, но анализите и скенерот покажаа дека постои нешто што не е во ред. Можеби ќе ми треба време за да заздравам целосно, а не сакам да загубам три години од својата кариера. Ме боли што не играм сега, но ама морам да се осигурен дека моето тело ќе оздрави и тоа е најважна работа“, изјави Синер.
Тој се уште има голема шанса по „Ролан Гарос“ да застане на првото место на АТП листата, но за тоа е потребно да настапи на овој турнир и да ја освои титулата.