Головите со кои Шкупи направи голем пресврт кој може да значи и титула (ВИДЕО)

Поранешниот македонски шампион Шкупи со неверојатен пресврт славеше против Тиквеш (3-2) и се израмни со Струга која денеска загуби на домашен терен од Силекс со 2-3, па со тоа беше најавена интересна завршница на македонското првенство.

Првиот гол за екипата од Чаир го постигна Воша во 39. минута, по што следеа двата погодоци на Силекс, а херој на Шкупи стана Аворњо кој погоди двапати до крајот на натпреварот (3-2).

Шкупи и Струга се на делба на првата позиција со по 58 бодови, додека зад нив е Шкендија со три бода помалку.