Арсенал не се откажува од искуството – му го продолжи договорот на Жоргињо!

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Жоргињо и по крајот на сезонава нема да го напушти Лондон, откако денеска ја продолжи соработката со Арсенал.

Тој потпиша нов договор и ќе остане на „Емирати“ уште најмалку една година. Договорот на искусниот играч за врска истекуваше на крајот на оваа сезона, а сега соработката е обновена до јуни 2025 година.

„Жоргињо е важен дел од нашиот тим, модел на играч со врвни перформанси и со посебен стил, и секогаш го прави тимот да биде подобар на теренот“, изјави менаџерот на Арсенал, Микел Артета.