Баер како казнена експедиција - „петарда“ во мрежата на Ајнтрахт (ВИДЕО)

Екипата на Баер Леверкузен ја продолжи серијата без пораз оваа сезона откако убедливо славеше на гостувањето кај Ајнтрахт.

„Фармацевтите“ триумфираа со 5-1 во Франкфурт во мечот кој беше можеби најтежок од преостанатите за Баер, па сега тимот од Леверкузен има отворен пат до историскиот успех - титула без пораз во Бундеслигата. Победата на Баер ја најави Џака во 12. минута, Екитике израмни по половина час игра, а потоа следуваше уште покер во мрежата на домашниот тим.

Пред крајот на првото полувреме Шик го врати својот тим во водство за во вториот дел Паласиос, Фримпонг и Бонифас да го дотепаат Ајнтрахт. Ова е вкупно 48. натпревар во низа без пораз за Баер со што бундеслигашот го израмни ефектот на Бенфика од периодот меѓу декември 1963 и февруари 1965 година.