Баерн ослабен на реваншот против Реал

На три дена пред одлучувачкиот натпревар за пласман во финалето од Лигата на шампионите, Баерн Минхен објави дека ослабен ќе патува на гостувањето кај Реал.

Томас Тухел нема да може да смета на португалскиот интернационалец Рафаел Гереиро кој се повреди на дуелот против Штутгарт во рамките на германското првенство.

„Баерн ќе мора без Рафаел Гереиро на следните натпревари. Тој доживеа повреда на лигаментите на скочниот зглоб и треба да паузира извесен период“, се вели, меѓу другото, во соопштението од Баерн.

Гереиро го одигра цело второ полувреме од првиот меч против Реал откако на паузата го замени Леон Горецка. Тој не е единствен повреден играч во тимот на Баерн, Тухел не може да смета уште на Коман, Де Лихт и Сар.