Барди со прекрасен гол го најави пресвртот на Трабзонспор (ВИДЕО)

Трабзонспор се извлече од неповолна позиција против Газијантеп и славеше со 4-2 во 34. коло од турската Суперлига, а еден од головите беа дело на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Сореску и Драгуш во првото полувреме стрелаа во мрежата на Трабзонспор и обезбедија водство од 2-0 за гостинскиот тим.

Трабзонспор почна да се буди дури во 50. минута кога Онуачу погоди за 1-2, а потоа Барди постигна прекрасен гол за 2-2 и го најави пресвртот.

Онуачи во продолжение стрелаше уште двапати и така го комплетира хет-трикот, но обезбеди и три бода за Трабзонспор.

Екипата на Барди се наоѓа на третата позиција со 58 бодови по 34 одиграни кола во Суперлигата.