Барса подготвува голем трансфер - соиграч на Елмас

Холандскиот репрезентативец Чави Симонс би можел да се врати во Барселона во летниот преоден рок, тврди најпознатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо.

Наводно, Жоан Лапорта и Чави се исклучително загреани за негов трансфер иако за тоа во моментов се прашува ПСЖ. Симонс е фудбалер на францускиот првак, но сезонава е на позајмица во Лајпциг каде му е соиграч на нашиот Елиф Елмас.

Информациите од Франција велат дека ПСЖ не сака да го продаде Симонс, но исто така мали се шансите младиот фудбалер да се избори за стандардно место во тимот. Конечната одлука во врска со неговата иднина ќе биде донесена пред Европското првенство. Ако сепак потпише за Барса, Симонс ќе се врати во клубот каде ја помина младинската школа и настапуваше до свои 16 години.