Бетис ја совлада Осасуна и остана во трка за Лига Европа

Фудбалерите на Бетис денеска триумфираа со 2-0 на гостувањето кај Осасуна и освоија важни три бодови во трката за место во Лига Европа.

Осасуна доби два црвени картони во првите 45 минути, а Бетис стрелаше преку Перез и Форналс за триумф од 2-0.

Бетис со оваа победа стигна до 52 бодови, па сега има само два бода помалку од Реал Сосиедад.