Чалханоглу донесе нова победа, Интер го крена шампионскиот пехар! (ВИДЕО)

Интер со два гола на Чалханоглу го победи Торино со 2-0, а по мечот им беше доделен пехарот за освоеното Скудето и шампионските медали.

Интер во минатото коло против Милан го завери Скудетото, а по денешниот меч со Торино ги добија и заслужените награди.

Интер го победи Торино со 2-0 во меч кој не им значеше ништо на нероазуриите. 

Во 49. минута Торино остана со играч помалку откако Темезе заработи директен црвен картон поради фаул како последен играч.

Седум минути подоцна Чалханоглу постигна гол за водство на Интер од 1-0, а четири минути подоцна тој реализираше и пенал за конечни 2-0.

По последниот судиски свиреж следуваше шампионската церемонија, а во текот на денот ќе се случи и парада низ Милано на фудбалерите качени на автобус.