Челси подготвува понуда од 77 милиони фунти и двајца фудбалери за Осимен

Менаџментот на Челси е подготвен да донесе уште една суперѕвезда во своите редови со цел да се врати во врвот на англискиот фудбал.

Сан денеска објави дека прва цел на клубот е Виктор Осимен од Наполи за кого се подготвува богата понуда. Последните информации се дека таа ќе изнесува 77 милиони фунти, плус двајца фудбалери. Едниот од нив ќе биде Ромелу Лукаку, а за вториот допонително ќе се преговара со тоа што Челси е подготвен да се откаже од еден млад играч, само за да го добие нигерискиот голгетер.

Осимен нема добра сезона во тимот на Наполи, далеку од формата од лани кога го однесе тимот до шампионската титула, но неговата цена и натаму е висока. До моментов има 14 гола на 22 меча, но пропушти неколку натпревари поради настапот на Африканскиот куп на нации.