Елмас нема да игра ниту против Хофенхајм

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас нема да му биде на располагање на Лајпциг за вечерашното гостување кај Хофенхајм во Бундеслигата.

Тренерот на Лајпциг, Марко Розе кажа дека Елмас е болен и поради тоа ќе го пропушти следниот меч на „биковите“.

Елмас оваа сезона настапи на 12 меча во Бундеслигата, а притоа не постигна ниту еден гол и асистенција.