Халанд со четири гола го врати Сити на пол-позиција за титулата во Англија (ВИДЕО)
Јунак на вечерта беше Ерлинг Халанд, кој ја заврши средбата со четири голови, што за него е првпат во Премиер лигата да реализира повеќе од „обичен“ хет-трик. Тој претходно има дадено и пет гола на една средба, но тоа беше на средба од ФА купот. Последниот погодок го постигна човекот кој влезе место него во игра, Алварез.
„Граѓаните“ без разлика на вечерашната победа останаа на второто место со 82 бодови, еден помалку од Арсенал, но и со натпревар помалку.