Интер ќе го направи Барела најплатен италијански фудбалер во Серија А!

Николо Барела наскоро ќе стави потпис на нов договор со Интер според кој ќе стане најплатен италијански фудбалер во лигата.

Според „Газета дело Спорт“, годишната плата на Барела ќе изнесува 7 милиони евра со вклучени бонуси.

Во моментов најплатен Италијанец е соиграчот на Барела, Алесандро Бастони со годишна плата од 5,5 милиони евра, следува Федерико Киеза од Јувентус кој заработува 5 милиони евра за една година.