Лапорта му исполни желба на Чави, светски шампион доаѓа во Барселона

Барселона долго време бараше наследник за Серхио Бускетс, а новинарот Фабрицио Романо објави дека каталонскиот гигант конечно има решение за таа позиција.

Гуидо Родригез следното лето ќе потпише за Барселона, а доаѓа како слободен играч од Бетис затоа што му завршува договорот во јуни и не сакаше да потпише нов со клубот од Севилја.

Родригез треба да потпише договор на две сезони, со опција истиот да биде продолжен за уште една година.