Левандовски со хет-трик ја потопи Валенсија, па ги реши дилемите за неговата иднина

Искусниот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски постигна три гола во победата од 4-2 против Валенсија во 33. коло од шпанската Ла ЛИга.

Левандовски постојано се поврзува со заминување од Барселона, но полскиот голгетер не планира да го напушти клубот.

„Не доаѓа во предвид да се збогувам со Барселона. Се чувствувам одлично. Сè додека се чувствува вака како сега, сакам да продолжам да играм. Ниту секунда не размислував за Саудиска Арабија или САД. Тоа во моментов нема смисла за мене. Кога ќе имам 38 години и ќе чувствувам болка, ќе си го поставам тоа прашање“, кажа Левандовски.