Познати се деталите за трансферот на Арне Слот, Ливерпул цела година ќе му плаќа на Феенорд!

Ливерпул и Феенорд ги комплетираат документите за да го официјализираат трансферот на тренерот Арне Слот на Енфилд.

Сѐ е договорено, остануваат уште формалностите за трансферот и официјално да биде потврден, Арне Слот и дефинитивно ќе биде наследникот на Јирген Клоп.

Денеска излегоа и деталите за зделката. Ливерпул за Слот на Феенорд ќе му плати обесштетување од 9 милиони евра плус 2 милиони во бонуси, ќе додаде уште 2 милиони за остатокот од стручниот штаб. Вкупната сума која ќе ја плати англискиот клуб изнесува 13 милиони евра.

Сумата нема да биде платена наеднаш, туку на рати во тек на една година.