Милан заборави да победува - четврти меч без триумф за „росонерите“ (ВИДЕО)
„Росонерите“ два пати губеа, со 0-1 и 1-2, но во последните пет минути од мечот влегоа со предност од 3-2 откако за пресврт се погрижија Габија и Жиру. Сепак, во самиот финиш, одбраната на Милан лошо реагираше при една акција на противничкиот тим и Тиав си постигна автогол за ново разочарувачко реми на Милан.
Сепак, конечниот резултат нема големо влијание за двете екипи. Милан веќе го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите, а Џенова е сигурна, далеку од местата кои водат во Серија Б.