Модриќ испиша историја во Реал Мадрид и доби нов прекар (ФОТО)

Реал Мадрид вчера ја освои титулата во шпанската Ла Лига, откако Жирона ѝ пресуди на Барселона (4-2), а тоа им помогна на Лука Модриќ и Начо да се запишат во историјата.

Модриќ и Начо го освоија 25. трофеј со „кралскиот клуб“ и се израмнија по број на пехари со Карим Бензема и Марсело, но може да ги надминат до крајот на сезоната ако Реал триумфира во Лигата на шампиони.

Хрватскиот репрезентативец по освојувањето на титулата доби и нов прекар од шпанскиот медиум „Марка“.