Мојс се радува: Среќен сум што Клоп си оди

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс не го криеше задоволството што Јирген Клоп си заминува од Ливерпул на крајот од оваа сезона.

Иако целата ситуација ја тераше на шега, шкотскиот стручњак призна дека никогаш не му било лесно на натпреварот против Клоп.

„Мило ми е што си оди, превисок е, има преблескави заби... Не сакам тоа да го кажам бидејќи работев во клубовите кои му беа ривали на Ливерпул. Клоп е преважен за овој Ливерпул, тој е главен. Држеше под контрола еден голем клуб што не е лесно“, изјави Мојс.

Клоп си заминува по девет години поминати на Енфилд, но последната сезона не може да се оцени како успешна бидејќи остана само со трофеј од Лига купот.