Огромна чест за Македонецот: Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби уште една потврда за својот квалитет откако влезе меѓу четворицата фудбалери, номинирани за играч на годината во шкотската Премиер лига во изборот на спортски новинари.

На листата на кандидати, покрај фудбалерот на Абердин, се наоѓаат уште Лоренс Шенкленд од Хартс, Џек Батланд од Ренџерс и Мет Орајли од Селтик. Нашиот фудбалер има одлична сезона во дресот на Абердин и досега постигна 24 гола во сите натпреварувања од кои 15 во шкотското првенство каде е четврти стрелец.

Пред него е еден голем предизвик. Ако го освои признанието за играч на годината, ќе стане прв фудбалер по 11 години со таква награда, а кој не е член на најголемите шкотски клубови Селтик и Ренџерс. Последен кому му успеало тоа е голманот на Селтик, Крег Гордон.