По пауза од шест години, ПСВ е шампион на Холандија

На две кола пред крајот на сезоната, екипата на ПСВ и математички ја освои шампионската титула во холандското првенство.

Тоа е 25. трофеј за тимот од Ајндховен, а прв по пауза од шест години. Последен пат, ПСВ триумфираше во 2018 година по што Ајакс освои четири, а Феенорд една шампионска титула.

За новиот пехар, ПСВ денеска ја победи Спарта Ротердам со 4-2 и сега има 12 бода предност во однос на второпласираниот Феенорд кој е и со натпревар помалку. До титулата, тимот стигна со 28 победи, три нерешени резултати и само еден пораз (од НЕЦ), а на две кола пред крајот на првенството има неверојатни 107 постигнати голови и само 19 примени. Дури, се очекуваше шампионската титула да биде обезбедена многу порано, ако се знае дека ПСВ ја почна сезоната со 17 победи во низа, а првите бодови ги испушти на 21 јануари кога ремизираше на гости кај Утрехт со 1-1.

Ајакс останува убедливо најуспешен тим во холандското првенство со 36 титули, а зад ПСВ е Феенорд со 16.