Покетино бесен по мечот на Вила Парк: ВАР го уништува англискиот фудбал!

Челси синоќа одигра 2-2 на гостувањето кај Астон Вила, сините дадоа гол за победа во судиското продолжение но беше поништен поради фаул по прегледувањето на ВАР.

Астон Вила имаше водство од 2-0 по првото полувреме, но во вториот дел Челси се врати, изедначи на 2-2, а во судиското продолжение даде гол, кој беше поништен поради благ фаул.

Покетино збесна кога виде дека судијата не им го призна голот, а гневот го искажа и по мечот.

„ВАР го уништува англискиот фудбал, ја уништува сликата за фудбалот“, велеше Покетино.

„Тоа беше гол. Неверојатно е да го поништите“.

„Пред две недели против Манчестер Сити, тоа беше играње со рака и не ни дадоа пенал...“.

Многумина имаат замерки на начинот на кој се користи ВАР во англискиот фудбал, Покетино е само еден од нив.