Поранешниот шпански арбитар за спорната ситуација за Реал: Најлоша можна работа во судењето

Еден од најпознатите шпански судии Матеу Лахоз се осврна на спорната ситуација од мечот меѓу
Реал и Баерн кога на германскиот тим му беше поништен гол.

Помошниот судија рекламираше офсајд, а главниот Симон Марчинијак ја прифати неговата сугестија и ја прекина акцијата иако имаше шанса за гол. Лахоз ја нарече ситуацијата „контроверзна“.

„Се случи најлошата можна работа во судењето, катастрофа која никој не сакаше да ја види. Свирежот на главниот судија оневозможува прегледување ВАР во ваква ситуација. Тоа не е грешка на помошниот судија, туку на главниот. Акцијата завршува кога ќе се огласи главниот судија, а не кога помошникот ќе го крене знаменцето“, појасни Лахоз.

Сепак, тој застана во одбрана на Марчинијак за кого рече дека е можно да погреши, како што грешат сите спортисти.