Повеќе нема дилеми: И претседателот на Франција откри каде се сели Мбапе

Францускиот претседател Емануел Макрон го објави името на новиот клуб на Килијан Мбапе при дочекот на олимпискиот факел во Марсеј.

Иако тоа е јавна тајна, уште никој од таборот на францускиот репрезентативец не излегува со официјална информација. На Макрон не му пречеше таквата ситуација, па пред новинарите кажа каде ќе оди Мбапе и притоа призна дека го убедува да игра на Олимписките игри.

„Се надевам дека извршив максимален притисок на него и 'идниот клуб' иако не сакам да го именувам Реал Мадрид. Но, прво имаме Европско првенство“, рече Макрон.

Сепак, во овој случај ништо не зависи од Мбапе и Макрон, туку од Реал Мадрид кој објави дека не ги пушта своите фудбалери на Олимписките игри бидејќи тие се играат надвор од термините на ФИФА. Освен тоа, манифестацијата почнува само десет дена по завршувањето на Европското првенство што се одржува во Германија.