Тотнем доцна се разбуди, ама барем се спаси од катастрофа (ВИДЕО)

Тотнем го претрпе четвртиот пораз во низа и си ја искомплицира ситуацијата во борбата за пласман во Лигата на шампионите откако загуби на гостувањето кај Ливерпул со 2-4.

Пред четири кола, Спарс имаа идентичен број бодови со Астон Вила, но оттогаш тимот на Постекоглу загуби од Њукасл, Арсенал, Челси и Ливерпул и сега заостанува седум бода зад екипата од Бирмингем, на три меча пред крајот на сезоната. Денеска беше на пат да доживее катастрофа на Енфилд бидејќи до 72. минута беше 4-0 за домашниот тим, но Тотнем се разбуди навреме за да избегне дебакл.

 

 

Салах го отвори резултатот, Робертсон зголеми на 2-0, а во второто полувреме погодија Гакпо и Елиот. Честа на Тотенхен ја спасија Ришарлисон и Сон со голови во 72. и 77. минута.