Тухел го откачи Баерн: Нема шанси да останам во Минхен!

Баерн Минхен има проблеми да пронајде тренер за следната сезона, откако имаше неуспешни преговори со Јулијан Нагелсман, Ралф Рангник и Чаби Алонсо, поради што се појавија шпекулации дека Томас Тухел можеби би останал уште една година.

Германскиот стратег, сепак, нема намера да остане во клубот кој претходно му соопшти дека ќе го отпушти на крајот на сезоната по лошите резултати со поранешниот германски шампион.

„Откако се договоривме да заминам, Баерн активно бара нов тренер. Лошо е сега да ми кажат да продолжиме уште една година. Нема да случи такво нешто, мислам дека сè е јасно“, кажа Тухел.