Убедлива победа на Њукасл, Барнли е на чекор до испаѓање во Чемпионшип! (ВИДЕО)

Њукасл со 4-1 победи на гостувањето кај Барнли на кој му останаа само теоретски шанси за опстанок во Премиерлигата, важен триумф обезбеди Нотингем Форест кој со 3-1 славеше кај Шефилд јунајтед.

Ако не се случи чудо во последните две кола, Барнли експресно ќе се врати во Чемпионшип. Денеска тие доживеаа тежок пораз од Њукасл.

Вилсон, Лонгстаф и Гимараеш погодија за Њукасл во првото полувреме, а четвртиот гол постигнат во вториот дел беше дело на Исак.

Во финишот од мечот Ошеј даде почесен гол за Барнли.

Нотингем Форест со 3-1 славеше на гостувањето кај Шефилд јунајтед и освои три големи бода во битката за опстанок.

Мечот меѓу Брентфорд и Фулам заврши без голови, 0-0.