Вилијамс беше мета на расизам во Мадрид, прво го прекина мечот, а потоа му даде гол на Атлетико! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со 3-1 го победи Атлетик Билбао, а во центарот на вниманието беше Нико Вилијамс поради расистички навреди од домашните навивачи.

Во текот на мечот се слушнаа расистички скандирања кон Нико Вилијамс кој на неколку минути го прекина мечот поради тоа.

Кратко по инцидентот даде гол и во прославата покажуваше на бојата на својата кожа.

„Не е нормално да бидете навредувани поради вашата кожа. Знам дека има глупави луѓе секаде, но тоа мора да се промени“, рече Вилијамс по мечот.

„Фудбалерите на Атлетико Мадрид ми дадоа поддршка, тие ме разбираат, неприфатливо е да слушаш звуци на мајмини, видов и слушнав како тројца го прават тоа“.