Смена на генерациите во Бразил: Отпаднаа Касемиро, Ришарлисон, Жезус...

Селекторот на бразилската репрезентавија Доривал го објави списокот од 23 фудбалери на кои ќе смета на претстојната Копа Америка, а на него нема неколку познати имиња.

Најпознатото меѓу нив - петкратниот освојувач на Лигата на шампионите, Касемиро за кого нема место во националниот тим. Покрај него, од конкуренција отпаднаа уште Ришарлисон, Габриел Жезус, Бремер итн., фудбалери кои играа на Светското првенство во Катар.

Репрезентацијата ќе ја предводи напаѓачкиот тандем на Реал, Винисиус-Родри, а во националниот тим е и новиот играч на мадридскиот тим Ендрик кој во март стана најмлад стрелец на легендарниот Вембли.

Копа Америка се игра од 20 јуни до 14 јули во САД, а пред неговиот почеток, Бразилците ќе одиграат пријателски дуели со Мексико и САД.