Борусија ќе заработи повеќе ако го загуби финалето од ЛШ, отколку ако победи
Германскиот весник Билд објави дека во договорот за трансфер има клаузула дека Реал треба да доплати по 25 милиони евра ако во следните шест сезони ја освојат Ла Лига или Лигата на шампионите. Со оглед на тоа што шпанското првенство е веќе освоено, Борусија веќе има сигурни 25 милиони, а може да добие уште 25 ако Реал триумфира во финалето од Лигата на шампионите во кое ќе се сретнат токму овие две екипи. Бонусот за победа во финалето изнесува 20 милиони што значи дека, од финансиски аспект, на Борусија ѝ е подобро да загуби во мечот на Вембли.
Сепак, во Реал веројатно никој не жали за овие пари бидејќи Белингам покажа дека е вреден за секој потрошен цент и е еден од најзаслужните што „кралскиот клуб“ ќе ја заврши сезоната мошне успешно.