Чави: Му кажав на судијата дека беше катастрофа, загубивме поради неговите одлуки!

Чави беше бесен на судиите по мечот, прстот го впери кон нив, смета дека токму тие се причина за елиминацијата на Барселона.

Барселона имаше предност од 3-2 по првиот дуел со ПСЖ и одлично го почна реваншот откако поведе со 1-0 со гол на Рафиња, но работите се променија откако Араухо доби црвен картон. До крајот на мечот францускиот тим даде четири гола и се избори за полуфинале во Лигата на шампионите.

Чави кој во текот на мечот доби црвен картон, бесот го истури врз судиите.

„Штета, нашиот настап во Лигата на шампионите е завршен поради судиски грешки“, рече Чави по мечот.

„Му кажав на судијата дека беше катастрофа. Тоа е реалноста“.