Главен проблем за Англичаните пред Европското првенство - до кога ќе можат да пијат пиво

Пабовите во Велика Британија ќе можат да го продолжат работното време до 1 часот наутро ако Англија или Шкотска стигнат барем до полуфиналето на претстојното Европско првенство.

Најголемиот број пабови на Островот затвораат во 23 часот, но министрите можат да издадат наредба за продолжување на работното време за да се одбележат прилики од „исклучително национално значење“. Министерот за внатрешни работи Џејмс Клеверли изјави дека овој потег ќе им овозможи на пријателите, семејствата и заедниците подолго да се дружат и ќе гледаат како нивната нација победува.

Предлогот за воведување на овие промени ќе се најде деновиве пред парламентот за да се обезбеди доволно време за расправа и усвојување пред почетокот на првенството. Владата на Велика Британија поради го продолжуваше работното време на пабовите за кралските венчавки, за 90. роденден на Кралицата, за Светското првенство во 2014 и пред финалето на ЕУРО 2021.

Домаќин на Европското првенство годинава е Германија, шампионатот почнува на 14 јуни, полуфиналните дуели се на програмата на 9 и 10 јули, а финалето на 14 јули.