Хоселу е херој на Реал, но и еден од најмалку платените фудбалери!

Реал Мадрид на крилјата на Хоселу се пласира во финале на Лигата на шампиони (ЛШ), откако 34-годишниот напаѓач со два гола во завршницата му пресуди на Баерн Минхен.

Интересно е тоа што Хоселу е еден од најмалку платените фудбалери кај „кралевите“, односно заработува 48.000 евра бруто плата неделно, односно 2,5 милиони евра годишно.

Според податоците на шпанските медиуми, само еден фудбалер заработува помалку пари од Хоселу, а тоа е 19-годишниот Нико Паз кој добива 7.700 евра неделно.