Милер распука по судиите: Вакво нешто доживеавме и во 2017 година!

Реал Мадрид со епски пресврт го елиминира Баерн Минхен од Лигата на шампиони (ЛШ), а една судиска одлука во завршницата предизвика бурни реакции од бундеслигашот.

Ветеранот Томас Милер не ги штедеше судиите по натпреварот и кажа дека нешто идентично им се случило во 2017 година.

„Судијата воопшто не се консултира со ВАР-собата. Дури не ја искористи можност да ја прегледа снимката. Навистина чудно. Ова се случува чест во Мадрид. Вакво нешто доживеавме и во 2017 година кога Роналдо ни даде два гола од офсајд“, кажа Милер.